Trajce Sazdov

За нас

Адвокатската канцеларија ТРАЈЧЕ САЗДОВ од Скопје е основана на 01.10.2012 година. Во своето долгогодишно работење адвокатската канцеларија се има стекнато со значително искуство во областа на корпоративното право, правото на индустриска сопственост, како и постапките за заштита на правата кои произлегуваат од Законот за здравствено осигурување. Адвокатската канцеларија предводена од Адвокат Трајче САЗДОВ, се има докажано и во постапките за надомест на штета по основ на повреди настанати во сообраќајни незгоди, кривични дела поврзани со насилство и загрозување на безбедноста, но и штети предизвикани од лекарски грешки.

Адвокатската канцеларија нуди услуги на домашни и странски физички и правни лица за основање на компании во Република Северна Македонија, како и нивна поддршка во делот на отпочнување на нови бизниси, како и поддршка во нивното секојдневно работење. Одлика на нашето работење е ефикасната брза правна помош, но пред се професионалноста која ја имаме во давањето на услугите како би можеле нашите клиенти да бидат заштитени и задоволни од постигнатите резлатити. Главно наше одбележје е посветеноста и позитивната енергија, високо поставените цели и амбиции, што не прави подготвени да одговориме на барањата и предизвиците кои ги имаат нашите клиенти. Адвокатската канцеларија има воспоставено блиска соработка со КОНТИНЕО ДОО Скопје како правно лице со големо искуство во областа на толкувањето и преведувањето, со што се надминуваат културните и национални бариери и се овозможува успешна соработка со клиенти од земјата и странство.

НАШИ

УСЛУГИ

Fiat justitia ruat caelum.

Правдата мора да биде доставена, дури и ако светот пропадне.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Адвокат Трајче САЗДОВ како регистриран застапник во областа на индустриската сопственост за потребите на клиентите обезбедува услуги за застапување пред Државниот завод за индустриска сопственст а во врска со Поднесување на пријави за признавање на права од индустриска сопственост (заштита на трговски марки)

УСЛУГИ ПРЕД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР НА РС МАКЕДОНИЈА

Адвокат Трајче САЗДОВ како регистрационен агент обезбедува услуги во делот на подготовка на документација и поднесување на пријави во Централниот Регистар на Република Северна Македонија со цел упис на основање и статусни промени на друштвата, како и дополнителни услуги за поддршка на работењето на друштвата во Управа за јавни приходи, домашни банки, и Агенцијата за вработување.

ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИМОТ ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

Адвокатската канцеларија овозможува контакти и склучување на зделки со правни лица од Република Грција, но и други земји од регионот, а исто така работи и како посредник за купување на имоти во Република Грција нудејќи професионална и целосна услуга со стручни лица кои работат на терен.

УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ДЕЛОВНОТО ПРАВО

Адвокатската канцеларија на Адвокат Трајче САЗДОВ обезбедува комплатни правни услуги од областа на деловното право (Трговско право, Право на индустриска сопственост, Стварни права, Право на сопственост, Стечајно право, Стопанско право, Трудово право) и дава правни услуги кои ги задоволуваат секојдневните потребни на друштвата, потоа анализа на закони и изготвување на правни мислења за примена на истите, како и секојдневно следење на измените на законите и донесување на подзаконските акти.

ПРАВА ОД ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов обезбедува стручна правна помош и застапување во постапки поврзани со права и обврски кои произлегуваат од Законот за здравствено осигурување. Врз основа на долгогодишното искуство на адвокатот Трајче Саздов во Фондот за здравствено осигурување, Канцеларијата нуди ефикасни решенија за остварување на правото на регресни побарувања, постапки пред Фондот за здравствено осигурување, како и решавање на спорови поврзани со користење и исплата на здравствени услуги и надоместоци.

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА (ДЕЛИКТНА ОДГОВОРНОСТ)

Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов има докажано искуство во застапување на клиенти за остварување на надомест на материјална и нематеријална штета која произлегува од различни основи. Ние нудиме целосна правна поддршка за повреди настанати во сообраќајни незгоди (сообраќајки), штети предизвикани од кривични дела (насилство, загрозување на безбедноста), како и за случаи на лекарски грешки и други форми на медицинска небрежност (медицинска одговорност).

КОРПОРАТИВНО ПРАВО И ПОДДРШКА НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов е посветена на поддршка на бизнисите. Нудиме комплетни услуги на домашни и странски физички и правни лица за процесот на основање и регистрација на компании во Република Северна Македонија, како и правна поддршка при отпочнување на нови бизниси и инвестиции. Обезбедуваме и секојдневна поддршка во работењето на компаниите, осигурувајќи ги нивните правни аспекти и усогласеност со домашните и меѓународните прописи.

КРИВИЧНО ПРАВО (НАСИЛСТВО И БЕЗБЕДНОСТ)

Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов обезбедува професионално застапување и одбрана во постапки од областа на кривичното право. Посебен фокус се става на застапување на оштетени страни во кривични дела поврзани со насилство и заштита на правата и интересите на клиентите во случаи на загрозување на безбедноста и други кривични дела кои бараат брза и ефикасна правна реакција.

НАШИ

ПАРТНЕРИ

AUXILIO MULTORUM

Со помош на многумина. 

Translation and Interpretation Eng to Mkd
UNIQA
Rent a bike Skopje

Мисија / Визија

Мисијата на Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов е да обезбеди брза, ефикасна и професионална правна помош која ги задоволува секојдневните потреби на домашните и странските клиенти. Ние сме посветени на постигнување на највисоки правни резултати преку длабинска анализа и континуирано следење на законските измени.

Нашата Визија е да се етаблираме како лидер во корпоративното и правото на индустриска сопственост во регионот, препознаен по нашата посветеност, позитивна енергија и високи цели. Тежнееме кон изградба на долгорочни партнерства со клиентите, надминувајќи ги културните и националните бариери за успешен и заштитен бизнис.

Јован Димитров
Јован Димитров
Преведувач
Read More
Како преведувачка агенција, нашата работа често зависи од брзата и прецизна комуникација со правните тимови, особено кога станува збор за меѓународни клиенти. Соработката со Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов е модел на ефикасност и професионалност. Тие не само што имаат длабоко познавање на правото, туку и активно помагаат во надминување на јазичните и културните бариери, осигурувајќи дека секој меѓународен клиент добива целосна и навремена услуга. Ги препорачуваме како сигурен и посветен партнер за сите домашни и странски правни предизвици.
UNIQA
UNIQA
Осигурителна компанија
Read More
Во осигурителната дејност, брзата и правно издржана обработка на штетните предмети е клучна за нашата ефикасност и задоволство на клиентите. Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов е наш докажан соработник во оваа област. Нивната експертиза, особено во областа на надомест на штета по основ на сообраќајни незгоди, овозможува сите постапки да се водат транспарентно, прецизно и со најголема правна сигурност. Ја цениме нивната професионалност и придонесот кон нашата заедничка цел: фер и брза реализација на осигурителните барања.
Фонд за здравство
Фонд за здравство
Скопје
Read More
Поради комплексноста на системот за здравствено осигурување и регресните постапки, потребна е длабока и специјализирана правна експертиза. Адвокатската Канцеларија Трајче Саздов има уникатно познавање на овој сектор, стекнато преку долгогодишно искуство на највисоко ниво во Фондот. Ова интимно разбирање на Законот за здравствено осигурување и процедурите е од клучно значење за ефикасно водење на правните спорови, осигурувајќи ги најдобрите интереси на системот и на осигурениците. Канцеларијата е партнер кој гарантира стручност и интегритет во оваа специфична област.
Previous
Next

ПОТРЕБЕН ВИ Е СОВЕТ? КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ.

Трајче Саздов

Име и Презиме: ТРАЈЧЕ САЗДОВ
Татково име: АНДОН
Дата на раѓање: 18 Декември, 1980
Место на раѓање: Скопје, Република Македонија
Државјанство: Република Македонија
Адреса: ул. Пандо Кљашев бр. 5, 1000 Скопје
Телефони: +38978431181

Податоци за образование
• 1995-1999, Гимназија Раде Јовчевски – Корчагин.
• 1999-2004, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје – Меѓународно правна група.
• 2006 – Специјализиран испит за застапници во областа на индустриската сопственост.
• 2022 – 2023, ИСДЕ Институт за бизнис и економија – Глобален мастер за меѓународно спортско право;

Работно Искуство
• 1999-2004 Основач и управител на МЗТ ИРИ ИНВЕСТ ДОО Скопје
• 2004-2007 Приправник во Адвокатска канцеларија ПАНОВА Скопје
• 2007-2012 Вработен во Фонд за здравствено осигурување на Македонија – Сектор за правни работи.
o Раководител на одделение за регрес и судски постапки, 2009-2010 година.
o Директор на сектор за правни работи, Декември 2010 година-Септември 2012 година).
• Октомври 2012 – Основач на Aдвокатста канцеларија на Адвокат Трајче Саздов.
• Февруари 2020 – Основач и Претседател на Здружение на правиниците од областа на спортот – Асоцијација за спортско право;

Training / Семинари
• Јуни 2005, Обука за канцелариски менаџмент во организација на МОТИВА и едукативнито центар на ПИВАРА СКОПЈЕ.
• Мај/Јуни 2009, Регионална летна школа во Кушадаси, Република Турција за реформи и координација во социјалното осигурување во организација на Советот на европа како дела од ИПА програмата.
• Април 2012, Семинар на тема „Новини во постапката за јавните набавки“ во организација на Здружението на правници на Република Македонија.
• Октомври 2012, Семинар за финансии за нефинансиски менаџери во организација на М6 едукативниот центар.

Трајче Саздов

Име и Презиме: ТРАЈЧЕ САЗДОВ
Татково име: АНДОН
Дата на раѓање: 18 Декември, 1980
Место на раѓање: Скопје, Република Македонија
Државјанство: Република Македонија
Адреса: ул. Пандо Кљашев бр. 5, 1000 Скопје
Телефони: +38978431181

Податоци за образование
• 1995-1999, Гимназија Раде Јовчевски – Корчагин.
• 1999-2004, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје – Меѓународно правна група.
• 2006 – Специјализиран испит за застапници во областа на индустриската сопственост.
• 2022 – 2023, ИСДЕ Институт за бизнис и економија – Глобален мастер за меѓународно спортско право;

Работно Искуство
• 1999-2004 Основач и управител на МЗТ ИРИ ИНВЕСТ ДОО Скопје
• 2004-2007 Приправник во Адвокатска канцеларија ПАНОВА Скопје
• 2007-2012 Вработен во Фонд за здравствено осигурување на Македонија – Сектор за правни работи.
o Раководител на одделение за регрес и судски постапки, 2009-2010 година.
o Директор на сектор за правни работи, Декември 2010 година-Септември 2012 година).
• Октомври 2012 – Основач на Aдвокатста канцеларија на Адвокат Трајче Саздов.
• Февруари 2020 – Основач и Претседател на Здружение на правиниците од областа на спортот – Асоцијација за спортско право;

Training / Семинари
• Јуни 2005, Обука за канцелариски менаџмент во организација на МОТИВА и едукативнито центар на ПИВАРА СКОПЈЕ.
• Мај/Јуни 2009, Регионална летна школа во Кушадаси, Република Турција за реформи и координација во социјалното осигурување во организација на Советот на европа како дела од ИПА програмата.
• Април 2012, Семинар на тема „Новини во постапката за јавните набавки“ во организација на Здружението на правници на Република Македонија.
• Октомври 2012, Семинар за финансии за нефинансиски менаџери во организација на М6 едукативниот центар.

Scroll to Top